Променада низ романтичниот Париз е темата на новата кампања за пролет-лето 2017 на „Луј Витон“, односно Series 6, која го слави духот на францускиот град. Фотографиите од кампањата се на Брус Вебер, а снимени се на Île Saint-Louis, еден двата острови на реката Сена. Амбасадорките на брендот Џенифер Конели, Мишел Вилијамс и Саша Лејн се појавуваат во кампањата, заедно со моделите Натали Вестлинг, Риан ван Ромпеј и Мика Арганараз.
-Париз е душата на оваа колекција. Со дуалноста на Десниот и Левиот брег, Париз се храни од сите уметнички влијанија. Сакав да ѝ оддадам почит токму на таа културна, интелектуална, оригинална и слободоумна Парижанка – вели Никола Геские, креативниот директор на „Луј Витон“
Нема коментари