Доручек кај „Тифани“, вечера кај „Луј Витон“ наскоро ќе биде повеќе од само фраза. Француската модна куќа „Луј Витон“ во сабота, 1 февруари, го отвора својот прв ресторан Sugalabo V и кафулето Le Café V, во склоп на својата продавница во Осака, Јапонија. Ресторанот, кафулето и продавницата се сместени во четирикатната зграда дизајнирана од јапонскиот архитект Џун Аоки, ѕвезда на модерната архитектура.
Ресторанот ќе биде ексклузивен, со оброци креирани од познатиот Јосуке Суга, со малку гости кои треба да поминат одреден протокол за да резервираат маса (откако прво ќе добијат покана да бидат гости), а почетната цена на менито е 275 долари. Кафулето Le Café V е од порелаксиран карактер, се наоѓа на врвот на LV зградата, има бар, место за јадење и голема тераса.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари