По покана на организаторите на Љубљанската модна недела, „Лудус“ во петокот ја претстави најновата безродова колекција со наслов „Devoid”. Најновата колекција на македнонската модна етикета, зад која стои дизајнерот Драган Христов, е продолжение на претходните родово неутрални колекции што и овојпат содржи производи изработени од висококвалитетни стопроцентно природни материјали како памук, мерцеризиран памук и волна и рачни плетенини од волна. Колекцијата е досега најобемна и најкомплексна и содржи 45 парчиња, а на пистата можеа да се видат 20 целосни излегувања. Колоритот и овојпат беше рестриктиран на црна, бела и неутрално сива боја, кроевите се комплексни и вклучуваат внимателно геометриско проектирање што дава едноставен скулптурен изглед.
По настапот на Љубљанската модна недела, „Лудус“ има ексклузивната можност да ја претстави колекцијата во концептуалната продавница Пентља заедно со други селектирани модни брендови од Словенија и регионот. Веќе следниот викенд истата колекција ќе биде прикажана на комерцијалниот дизајнерски маркет Feschmarkt во Виена, Австрија, а во декември на Weichnachtrodeo во Берлин, Германија.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари