Најновата колекција на македонската модна етикета за безродова мода „Лудус“, ги разработува прашањата на одржлива мода преку употреба на 100% природни материјали со висок квалитет, останувајќи во сферата на минималистичката визија започната веќе одамна од страна на авторот Драган Христов. Не одминувајќи ги трендовите Monoscapes создава безвременски изглед и поставува философски прашања во врска со бојата како предрасуда во западната култура. Насловена како Хромофобија од страна на Дејвид Батлер во неговата истоимена книга, овој страв од боите е основата на колекцијата.
Колекцијата се состои од 50 парчиња изработени во текот на 3 месеци во 6 градови во Мкаедонија, од страна на 3 занаетчии, 3 фабрички погони и тим од професионалци што беше неизмерно посветен на работата. Своето прво претставување го имаше на отворањето на Љубљанската модна недела, а ќе може да се најде во продажба во Пентља концепт стор во Љубљана, Луксантика во Скопје и веб продавницата на Лудус.
Нема коментари