Раководејќи се од стратегијата за креирање „куќа на брендови”, Винарската визба „Тиквеш“ воведува новo бренд име – „Луда Мара” за вината кои досега ја сочинуваа линијата „Special Selection“.
Следејќи ги пазарните трендови кои сѐ почесто ја наметнуваат потребата за дополнително истакнување на врската помеѓу виното, специфичното поднебје и регионот од кој тоа потекнува, ВВ „Тиквеш“ го креираше новиот вински бренд за да ја зајакне автентичноста на своите вина.
-Новиот бренд го поврзавме со името на реката Луда Мара која поминува низ тиквешкиот регион и Кавадарци и која со својата уникатна природа и карактер, како и со бројните приказни и митови поврзани со неа, по многу нешта потсетува на единствениот карактер на нашите вина. Автентичноста на бренд името и спецификата на производот овозможуваат полесно да jа раскажеме приказната за овие висококвалитетни и докажани македонски вина, што е особено важно за успех при извоз на развиените вински пазари“, објаснува генералниот директор на ВВ „Тиквеш“ – Радош Вукиќевиќ.
Винарницата штотуку го лансираше и првото ново вино под овој бренд од сортата пино гриџо – „Pinot Grigio Luda Mara“, што се произведува од локалитетот Вршник (Тиквешко виногорје) во ограничена количина од само 6.300 шишиња.
Нема коментари