Холандската дизајнерка Ирис ван Херпен колекцијата за есен-зима 2016/17 ја претстави на Париската модна недела, но подготви и видео, Lucid: A Dream Concept, сработено во соработка со SHOWstudio, фотографот Ник Најт и стилистката Аманда Харлек кои го продуцираа краткиот моден филм со новите дизајни. Колекцијата го истражува концептот на луцидно сонување, каде сонувачот е во свесна состојба на сон и затоа e во состојба да изврши одреден степен на контрола врз она што се случува. Ван Херпен прави фузија на технологија и занаетчиски техники за да создаде експериментални и архитектонски дизајни, а во новата колекција презентира две главни техники – луцидни изгледи и фантомски фустани.
Нема коментари