Италијанската мејкап уметница Луција Пика му се придружи на престижниот тим за убавина на францускиот моден бренд „Шанел“. Таа доаѓа на позицијата интернационaлна дизајнерка за креативна шминка и боја. Луција, која од 2008 година работи како фриленсер во светот на шминката, е реномиран стручњак од новата генерација на визажисти, кои со помош на иновативни трикови и техники ја променија досегашната сцена за убавина. Етаблираната италијанска шминкерка се прослави со своето храбро и вешто користење на бои. Досега има соработувано со големи модни магазини и козметички гиганти за голем број на едиторијали. На своето ново работно место доаѓа на почетокот на 2015 година.
Нема коментари