Нова генерација, нова Мос за Келвин Клајн! Кејт Мос на почетокот од 90-тите доби вносен договор за рекламирање на производите на Келвин Клајн, а токму серијата на култни кампањи за американскиот бренд ја вивнаа во врвот на светсткото манекенство. Сега нејзината помала сестра Лоти ја наследува на местото на заштитно лице на Келвин Клајн. Шеснаесет годишната Лоти сними реклама за капслулна колекција на брендот која ќе се продава ексклузивно на онлајн продавницата My Theresa, а колекцијата е наречена Re-Issue Project и се состои од навраќање на иконските модели и најпродаваните парчиња на Келвин Клајн.
Нема коментари