Младата поп-ѕвезда Лорди, која стекна светска слава со хитот Royals, соработува со козметичкиот гигант MAC, на нова лимитирана линија. Декоративната козметика, инспирирана од талентираната музичарка, ќе се најде во продавниците на 5 јуни.
-Ја обожувам козметиката на MAC уште од дете. Се сеќавам дека штедев за да си го купам својот прв кармин од MAC кога имав 14 години, кој го користеа околу 20 мои другарки. MAC има многу чиста естетика, што секогаш ми изгледала модно напредна. Затоа бев многу возбудена околу работата со овоие прозиводи, кои може да се користат истовремено и за дневен и за вечерен изглед. Се надевам дека и вие ќе ја почувствувате возбудата-изјави Лорди, која ја доби наградата „Греми“ оваа година.
Мак досега има соработувано со повеќе поп-ѕвезди, како Ријана и Бет Дито, и со модната уредничка Карин Ројтфелд.
Нема коментари