Шведскиот бренд H&M подготви фотосесија во која нуди свечени комбинации за престојните божиќни и новогодишни забави. Манекенките Едита Вилкевикујте, Цато Ван Еј, Чихару Окунуги и Грејси Карвало носат модни парчиња од светкави ткаенини, здолништа на преклоп, куси фустани, блузи со пеплум, елегантни палта, но и свечени комбинации од комбинезони или кожени панталони со топ, а стајлингот е надополнет со шик модни додатоци. Фотосесијата е продолжение на празничната рекламна кампања на H&M во која учествуваат Лејди Гага, Тони Бенет и врвните манекенки Џоан Смолс и Саша Пивоварова.
Нема коментари