Покрај кежуал моделите и креациите погодни за секојдневниот бизнис имиџ, шпанскиот моден бренд „Манго“ за сезоната пролет-лето 2015 лансира и линија за посвечени моменти. Креациите се идеални за претстојната сезона на матури и на свадби. Застапени се елегантни долги фустани, палта и сакоа со светкава мониста, комбинезони, женствени панталони, свечени маички и соодветни модни додатоци. Палетата на бои се движи од бела, крем, нежно сина, сребрена, преку силни нијанси на портокалова и црвена, па сè до црна и темносина. Кроевите се романтични, лежерни и удобни за топлите денови.
Нема коментари