Главната модна сторија во септемврискиот број на јапонски Vogue е посветена на супемоделите и на најдобрите есенски колекции, а сто тоа преку објектвот на фотографскиот тим Luigi&Iango. Изданието со кој се слави 15 години на магазинот веќе доби епски прорпорции, па по насловната страница со славните супермодели, за која овде ве информиравме, еве го централниот моден едиторијал „Совршени икони“ со Линда Евангелиста, Клаудија Шифер, Стефани Сејмур, Наоми Кембел, Надја Оерман, но и неколку модели од поновата генерација. Познатата стилистка Џована Батаља за едиторијалот избра драматични комбинации од спектарот на авангардната мода базирани на работата на концептуалната дизајнерка Реи Кавакубо. Покрај споменаите манекенки, во едиторијалот се појавуваат и Керолин Марфи, Ева Херцигова, Џенвјев Ван Синус, Меги Рајзер, Саскија де Брау, Тао Окомото, Малгосија Бела, Маријакарла Босконо и Наташа Поли.
Нема коментари