Мултибренд продавницата Fashion&Friends ги доби новите колекции на брендовите што ги застапува, еве што нуди амстердамскиот бренд Scotch&Soda и сестринската линија Maison Scotch за сезоната пролет-лето 2015.
Scotch&Soda
Рокенролот се среќава со песочниот брег, елегантниот господин се спојува со сурферот, а културите од Африка до Америка стануваат целина во новата колекција на Scotch&Soda. Духот на сезоната е понесен од констрастите и спојувањето на впечатливи принтови, кои му даваат на изгледот разиграност, леснотија и ретро чувство. Блејзерите со строг крој се комбинираат со шорцеви, а таканаречениот „хибискус” дезен се среќава со точките. Од модните додатоци присутни се платнените чевли и шешири кои даваат дополнителна свежина во жешките, летни месеци.
Maison Scotch
Оваа сезона Maison Scotch нè води на патување преку дивиот пејсаж на Америка, пастелниот хоризонт на Мајами Бич, песочните дини на Сахара и мирните води во троспките краишта. Расположението асоцира на слобода,релаксирани силуети и природни материјали во колекција која нуди јакни,фустани, тенки панталони, интересни шорцеви, па дури и бикини за првпат оваасезона. Принтовите изобилуваат со нови опции како цветови, геометриски решенија, животински принт и риги. Ова лето е за храбрите, за оние кои сакаат неочекувани комбинации и се забавуваат со модата.
Нема коментари