Во април годинава дизајнерката Мариса Веб беше назначена за нов креативен директор на еден од најпопуларните американски модни брендови Banana Republic, најавувајќи нова естетика во компанијата. А првиот резултат е видлив од презентацијата на колекцијата за пролет-лето 2015, енергична и кул модна прикaзна со која Веб се надева ќе го врати брендот на врвот и ќе се доближ до успешните конкурентски брендови како на пример J. Crew. Веб всушност доаѓа од J. Crew, каде што работеше една деценија, а дизајнерката истовремено развива и сопствена линија.
За следната сезона Веб предлага модерен микс на контрасти – неутрални нијанси со јаки бои, момчешки со девојчешки стил, а сето тоа врамено со класиката карактеристична за Banana Republic и стилизирано во современ ава1нгарден имиџ. Парчињата се трендовски – шарен комбинезон, килот-панталони, кобалтно сино тантелно здолниште, елеци, маслинесто зелени мантили, кожени јакни, широки шорцеви, фустани со принт… Дизајнерката нуди и збир на модни додатоци кои се движат од оксфорд-чевли, класични салонки и црни ранци, до сандали и чанти во цитрусни бои.
Нема коментари