Модата од 70-тите години е голема инспирација за оваа сезона, на оваа модна декада се наврати и брендот Манго преку колекциите за пролет-лето 2021. И во новата кампања наречена „Сонцето е насекаде“ нè враќа во минатото и претставува психоделични реминисценции од 70-тите. Фотосесијата за оваа кампања е како ода на позитивната енергија и слободниот дух, снимена е на Ибица и замислена како безгрижно дружење на група на пријатели за време на едно летување. Облеката што ја носат ја карактеризираат модата од 70-тите – хеклани парчиња, психоделичен принт, пастелни и живописни бои, ѕвонести панталони, долги фустани, ретро фармерки, сè на сè, оптимистични стилови во кои ќе изгледате и ќе се чувствувате добро.
Нема коментари