Модниот бренд „Манго“ уште во месец ноември преку новата кампања Ве подготвува за празничната сезона и за стајлинзите што ќе ги носите на новогодишните забави. Хероите на новата кампања не се модели, туку вистински јунаци од разни креативни професии. За да се сними кампањата, фотографката и илустраторка Квентин Џонс и нејзината сестра Џемима, основачка на Tart Catering, на вечера повикале група пријатели од светот на модата и културата.
Гостите облечени во креации од празничната колекција на „Манго“ се фоторафирани како се забавуваат и дружат на вечерата оганизирана од страна на сестрите Џонс. Во атмосфера на новогодишна забава, илустрирани се празничните креации на „Манго“ – мини фустани со пулејки, светкави блузи и лурекс-џемпери, елегантни костуми, долги свилени здолништа и вечерни комбинезони.
Меѓу гостите и модели во кампањата се Софија Санчез де Бетак, која што е креативна директорка на „Манго“, потоа дизајнерот и актер Варис Алувалија, поетот и уметник Роберт Монтгомери, актерката Грета Беламакина, манекенот Кит Батлер и уметничкиот консултант Хикари Јокојама.
Нема коментари