Трикотажни парчиња, беж мантили и сакоа, тенки кратки кардигани, памучни фустани со набори, широки кошули во боја на лаванда и блузи со романтични јаки, ова се предлозите на Манго за претстојната пролет. Креациите се опуштени и во светли и пастелни тонови, идеални за пролетните денови. Инспирација за новата пролетна модна приказна, Манго најде далеку од градската врева, во убавината на пределот и живеотниот стил на Медитеранот.
Нема коментари