Брендот Madewell препознатлив по кежуал модни комбинации влегува во малку пософистицирани води со новата колекција за есен-зима 2014/15 и новата муза Малгосија Бела која позира во кампањата во стил на совршен ноншалантен изглед. Манекенката Бела позира во Париз во модерни, но комплетно носливи комбинации составени од базични есенски парчиња, дополнети со трендовски детали како на пример патики или елек од твид. Полската манекенка која во последниве години Париз го смета за свој дом, ја гледаме во неколку клучни комбинации, како тесни фармерки со широки кошули – стилизирани раскопчани и без градник како што носат парижанките, потоа кожени јакни со обична бела маичка или пак кежуал комбинации во кои главната улога ја имаат патики, карирана кошула и блуза со принт.
Нема коментари