Популарниот шпански бренд Mango лани ја лансира линијата Violeta наменета за женска облека со поголеми конфекциски величини, оваа сезона претстави прва колекција на костими за капење и облека за плажа. Линијата достапна во броеви од 40 до 52 нуди удобни, женствени и сексапилни креации во трендовски стилови кои ќе ги задоволат модните желби на жените со облини. Кендис Хафин е заштитно лице на оваа линија на Mango, а фотосесијата е снимена во Мароко. Манекенката што се има појавено на насловна на Vogue Italia и во календарот на „Пирели“ на фотографиите носи повеќе модели на бикини и едноделни костими за капење со шари и во интензивни бои, како и кафтани, туники и дополнителни додатоци кои се инспирирани од егзотичните контрасти на Медитеранот. Брендот Mango подолго време се продава во Македонија, се надеваме дека наскоро ќе биде пласиран и дел од линијата Violeta.
Нема коментари