Македонската супермоделка Катарина Ивановска продолжува со ангажмани за светки модни брендови, а еден од последните беше божиќната кампања за популарниот канадски бренд за достапна мода Joe Fresh. Катарина позира во типични зимски парчиња, како топли јакни, меки џепмери и плетени капчиња и шалови. Фотосесијата е снимена во Њујорк, покрај најакарактеристичните новогодишни локации, како накитената елка во Рокфелер центарот и лизгалиштето во Брајант Парк, ја гледаме нашата манекенка пред дворови украсени украсени со сијалички во Бруклин, со што успешно е доловена празничната атмосфера потребна за илустрирање на празничната колекција на брендот.
Нема коментари