Италијанската модна куќа „Мисони“ во кампањата за есен-зима 2014/15 ја ангажира порториканската супермоделка Џоан Смолс. Фотографирана на археолошки локалитет покрај вибрантни, надреални и скоро футуристички скулптури, рекламната кампања се однесува на замислен свет од иднината. „Тоа е имагинарен свет, илјадници години нанапред, а надреалната и духовита поставка се состои од древни рушевини, светли интензивни бои, металик нијанси, остри геометријски шари и роботски футуристички суштетства – идеална рамка за визијата за современа и модерна жена на „Мисони“, “ вака Анџела Мисони го објаснува концептот на кампањата. Фотографиите ги направи Вивиен Сасен, а стајлингот е на Ванеса Рејд и Стивен Ман.
Нема коментари