Модните брендови сè повеќе го развиваат делот на фестивалска мода и на стилски предлози за големите пролетни и летни музички фестивали што се одржуваат на отворено. Шпанскиот моден бренд „Манго“ го претстави новиот лукбук со комбинации спремни за журкање на некој од фестивалите што доаѓаат. Па предлага долги бохо фустани, мини здолништа, кафтани, ленени кошули, шарени памучни јакни, но и кожени јакни и чизмички за поудобно шетање од една на друга бина на некој фестивал. Секако, парчињата може да бидат дел и од вашите секодневни комбинации. Новите фесивалски трендови ги носат манекенките Ондрија Хардин и Џулија Бергсхоф, а фотографиите се снимени на локации во Кони Ајланд, во близината на Њујорк.
Нема коментари