Креативниот директор на париската модна куќа „Ланвин“ Албер Елбаз секогаш не изненадува со имагинативни рекламни кампања, а за последната за сеоната есен-зима 2014/15 ја ангажира не само популарната британска моделка Еди Кембел, туку и нејзиното комплетно семејство. На фотографиите на Тим Вокер покрај Еди позираат нејзината мајка, познатата архитектка Софи Хикс, татко ѝ Роди Кембел, сестра ѝ Олимпија, брат ѝ Артур и други членови од семејството. Темата на фотосесијата е инспирирана од 125-годишниот јубилеј на „Ланвин“ и од симболиката на мајка и ќерка од лоогото на брендот.
Нема коментари