Американскиот бренд Free People во својот октомвриски каталог ни презентира приказна за романска во сликовитиот Вајоминг, со Дри Хемингвеј во главната улога и моделот Џоел Даниелсон како нејзиниот замислен љубовник. Фотографирани од страна на Кејти Густафсон, Дри и Џоел откриваат дел од модните предлози на брендот за сезоната есен-зима 2014/15, како меки плетива и слоевити здолништа, впечатливи палта и долги фустани, а комбинациите се финиширани со големи шапки од фелц, чизми до колена и детали во бохо-стил.
Нема коментари