Духот на Амeрика и лежерноста на која тој асоцира било инспирација за новата, пролет-лето 2015, колекција на Diesel. Новите модели наменети за двата пола деновиве пристигнаа во мултибренд продавницата Fashion&Friends во Скопје. Оваа сезона, типично за Diesel, тексасот како материјал е и засебен концепт кој се сплотува со рокeнрол лежерност и еклектика.
-Бев инспириран од слободата на Калифорнија и патувањето низ неа – од брегот, преку пустините и американските автопати. Оваа колекција е еден вид на спортска верзија на препознатливите парчиња на Diesel -вели креативниот директор на брендот Никола Формикети.
Посебен акцент е ставен на силуетата која е издолжена и тенка, но сепак релаксирана. Моделите потсетуваат на стилот на 90-тите и трките со мотори, спортските елементи се во комбинација со кожени или колеџ јакни, а тексасот е присутен насекаде, во сите нијанси и со безброј различни обработки. Неизбежни се и кошулите и блејзерите за доза на елеганција во сета оваа лежерност, па така во комбинација со палетата на бои и дезени, како светло сина, бела, тутунова, кафена се добива вистинско винтиџ чувство.
Кај женскиот дел од колекцијата има дел кој е инспириан од фотографиите на Дејвид Хамилтон во кои доминира девојчинската невиност изразена преку блузи и фустани од тантела кои се среќаваат и во колекцијата пролет-лето 2015 на Diesel.
Целосниот ефект се заокружува со модните додатоци во препознатливиот стил на брендот –секогаш бунтовен, иновативен и модерен.
Нема коментари