Во мултибренд продавницата Fashion&Friends во Скопје деновиве пристигна колекцијата пролет-лето 2015 на Desigual наречена Say Something Nice. Линијата oстанува достојна на досегашниот позитивен и безгрижен карактер на брендот, оваа сезона со забележливо интернационално влијание во форма на пруги инспирирани од Медитеранот помешани со тропски цветови, мексикански мотиви, хавајски цветови во боите на виножитото… Колекцијата ја сочинуваат мантили со принтови, комбинизони без ракави, кратки јакни во комплет со шорцеви, фустани со различна должина и форма, итн. Материјалите од кои се изработени овие впечатливи и уникатни парчиња се шифон, свила, жакард, тул и сатен, а се разбира дополнети се со додатоци како чевли со платформа со јаки бои, чанти, марами и доминантни обетки.
Нема коментари