Познатата модна куќа Loewe веќе неколку пати прикажува колекции во соработка со лгендарниот бутик Paula’s Ibiza – епицентар на балеарскиот стил на островот Ибица од 70-тите до денес. За новата колекцијата Loewe Paula’s Ibiza 2021, креативниот директор на куќата Џонатан Андерсон ја објаснува неговата инспирација: „Заглавени во лични спомени од летото на островот, колекцијата Paula’s Ibiza 2021 ја пренесува мојата идеја за бегство“. Чувството на балеарска лежерност и медитерански шик се отсликува во креациите, а поради желбата за бегство и патување, кампањата е снимена во Мексико во амбиент на колоритната архитектура на градовите Мерида и Кампече.
Loewe ја продолжува заложбата за промовирање на занаетчиството и работата на артисаните ширум светот, па оваа колекција вклучува плетени корпи изработени од жени занаетчии во соработка со Corporación Oficio y Arte во Колумбија и Project Shamuk во Еквадор, како и готови ткаенини направени од артисанал колективи во Буркина Фасо, дел од иницијативата за етичка мода. Брендот Loewe неретко користи и #Made in Macedonia облека рачно изработена од наши занаетчии, подолу една креација во која има македонска изработка.
Нема коментари