Утре со почеток во 12 часот во скопското кафуле „Љубов“ ќе се одржи четвртиот по ред Љубовен базар на рачно изработени уникатни предмети и накит. Мотото на настанот останува непроменето: #SupportТheАrtist, а целта е да им се овозможи на младите уметници и креативци можност да ја промовираат својата работа и да претстават дел од своето творештво. Базарот ќе трае до 18 часот и ќе биде надополнет со многу музика и дружење, а пијачка на денот ќе биде Aperol Spritz кој ќе се продава по промотивна цена од 120 денари.
Нема коментари