Десетина домашни креативци, брендови и дизајнери на накит и облека ќе ги претстават своите свежи дизајни на 23. издание на традиционалниот „Љубовен базар“, што на 20 јули (четврток) со почеток во 17 часот ќе се одржи во скопскиот кафе-бар „Љубов“. Креативците кои под мотото #SupportTheArtist ќе се претстават на летното издание на базарот се: Em Ellephantski, Melani Digit, MORPHO, Aneta Popova со LIPA ceramics, Mei Ro, Bulberry, Alma Idrizi Art, Forest Jewelry, Глигор Кузмановски и кожарска индустрија Horvat.
-Обично овој дел од годината паузираме со базари, поради летните одмори ама овој пат се преброивме, сите сме тука и расположени и разработени и спремни да ви ги покажеме сите новитети кои ги подготвивме за ова лето. Бидејќи е лето, базарот ќе биде надополнет со убава летна музика, за која ќе се погрижи Јанконен, тимот на кафе бар Љубов ќе биде задолжен за вкусни летни коктели, а за оние кои ќе дојдат гладни после работа Breakfast Club Skopje има подготвено супер вкусни сендвичи-велат од „Љубов“.
Нема коментари