Традиционалниот „ Љубовен базар“на 15 декември (четврток) во кафе-бар „Љубов“ ќе одбележи две години, осносно 20 успешни изданија. Со почеток во 17 часот, предноводогишно, под мотото #SupportTheArtist, ќе се претстават десетина креативци, артисани, уметници, дизајнери на накит, украси за домот и модни додатоци. Меѓу нив се Карло Хорват, Глигор Кузмановски, Алма Идризи, „Брејнобрејн“, TиноСки, Nikulec Pop-up Store, Em Ellephantski, Bulberry, Mei Ro, Farina’s handmade и Le Renard Noir.
-Драги наши базарџии и базарџики, времето врви, празници се ближат, ние растеме, запознаваме и поддржуваме нови креативци, се дружиме, пиеме и што уште не. Овој базар е посебен за нас од неколку причини. Прво – ни претставува голема радост и особено задоволство да ви соопштиме дека во четврток „Љубовниот базар“ полни две години. Второ, на околу две недели пред новогодишните празници, базарот претставува убава можност да се подновите нешто или да одберете подарок за вашите драги луѓе. Трето, бидејќи се работи за роденденски базар, планираме да си направиме и супер журка и да наздравиме за убавите времиња поминати заедно со надеж за уште многу години дружење. Четврто, дел од базарот ќе бидат и учениците од „Брејнобрејн“ центрите, кои изработија посебни ракотворби, а собраните средства од нивната продажба ќе бидат донирани во хуманитарни цели-велат од „Љубов“.
Нема коментари