Дузина домашни дизајнери на накит, модни додатоци и украсиси ќе се претстават на 19-тиот традиционалниот „Љубовен базар“, кој на 17 ноември (четврток) ќе се одржи во кафе-бар „Љубов“. На еднодневен базар ќе може да се погледнат и набават уникатни модни додатоци, чанти, накит и разни други украси изработени од глина, дрво, кожа, метал и ќерамика. Под мотото #SupportTheArtist ќе учествуваат дизајнерите: Pocket Gallery, Елена Ристовска, Mei Ro, Јасмина Главинче со Wizart, ATAMI, Nikulec Pop-up Store, ЈA маички, Ѓорѓе Јовановиќ, M craft’s, Aleksandra Zinovski-Vilić Crafty Corner Accessories, Глигор Кузмановски и Карло Хорват.
Нема коментари