Пред да почне врвот на летната сезона на 11 јули (понеделник) ќе се одржи 16-тото издание на традиционалниот „Љубовен базар“ во кафулето „Љубов“. Ова т.н. жешко издание ќе почне малку подоцна од вообичаениот термин, во 20 часот, за да се избегнат топлите периоди во денот. Под мотото #SupportTheArtist на овој базар ќе учествуваат: Лора Соколова со Wiiu, Елена Ставреска, Em Ellephantski (фото горе), Маја Стојковска со Mei Ro, Figura, „Никулец“, Марина Зоксимовска, Дина Гициќ со Bulberry, Глигор Кузмановски и Карло Хорват. За музиката повторно ќе биде задолжен Јанконен.
Нема коментари