Десетина креативци, брендови и дизајнери на накит и облека ќе ги претстават своите уникати на 15. издание на традиционалниот „Љубовен базар“, што на 9 јуни (четврток) со почеток во 17 часот ќе се одржи во скопскиот кафе-бар „Љубов“. Под мотото „поддршка на уметникот“ (#SupportTheArtist) ќе учествуваат : Катарина Парго, „Фокус Мандала“, Ателје Марјак, Anja Moon, Elain Crafts – by Srna Damcevski, Соња Димовска со Filigranika, Глигор Кузмановски, Карло Хорват, Марина Зоксимовска, Маја Стојковска со Mei Ro и Алма Идризи со AlmArt jewelry. За музиката на базарот ќе се погрижи Јанконен да Винчи.
Нема коментари