Под мотото „поддршка на уметникот“ (#SupportTheArtist) денеска со почеток во 17 часот скопското кафуле „Љубов“ по 11 пат ќе се одржи „Љубовен базар“. На традиционалниот еднодневен базар ќе може да се погледнат и набават уникатни модни додатоци, чанти, накит и разни други украси изработени од глина, дрво, кожа, метал и керамика. Ова издание ќе биде освежен со неколку нови учесници, кои досега не сме имале можност да ги видиме: Farina’s handmade, SoShi Accessories, Cestitka, AlmArt jewelry, Anechi’s Atelier, ACID WEAR GIRLS, Mei Ro, Mila Iv Ivanovska, Vladodlak, Глигор Кузмановски и Карло Хорват.
Нема коментари