Првото издание на традиционалниот „Љубовен базар“ за оваа година ќе се одржи на 8 февруари (четврток) на добро познатата локација-кафе бар „Љубов“.
-По јануарскиот зимски сон, се враќаме со Љубовните базари. Приказната веќе позната, а креативците спремни да ги покажат своите дела и да ви помогнат при изборот на подарок за Валентајн или Св. Трифун (кој што си слави). На 28-от базар ќе ве пречекаат дизајнерите и брендовите: „Природни сапуни Бела“, Елена Ристовска, Kremisimo, MightyJewelry, ORO WORKSHOP со МАкедонскаМушичКА/ Macedonian fly, ONE MADE, One can social business, AnArt – АнАрт (Handweaving Studio), Foreground totebags, Kare Workshop и кожарска индустрија Horvat.
Настанот, кој почнува во 17 часот, и овој пат е под мотото #SupportTheArtist. За музиката ќе биде задолжен диџеј Јан Конен.
Нема коментари