По 26 успешни изданија, промоција на неколку десетици домашни дизајнери на уникати и незаборавни дружби, традиционалниот „Љубовен базар“ на 7 декември (четврток) слави три години. На роденденското издание, кое ќе почне во 17 часот во кафе-бар „Љубов“, под мотото #SupportTheArtist ќе се претстават: Кожарска индустрија Horvat, Mei Ro, Foreground totebags, Глигор Кузмановски, Kremisimo, „УрбанЕра“, Em Ellephantski, MORPHO, Wizart, Woodyz – Wooden handcrafted bowties и AnArt – АнАрт (Handweaving Studio).

Глигор Кузмановски
- Драги љубовџии и љубовџики, базарџии и базарџики и сите оние кои сè уште не се дел од нашето секојдневие (но оптимисти сме дека ќе станат), со нескриена радост, суза (радосница) у око и огромен ентузијазам, ве покануваме на третиот роденден на нашиот и ваш љубовен, послеработен, предновогодишен и омилен базар. Уште повеќе нè радува сознанието дека овој базар се случува воочи неработен ден, а тоа значи, дека следниот ден не мора да станувате рано. Бонус – може да се опуштите во одлична послеработна атмосфера додека пиете греено вино или некој зимски коктел. Дополнителен бонус – имаме подготвено мало слатко изненадување за сите оние кои ќе купат некаков производ од нашите драги креативци, кои изминативе три години се срцето и душата на базарот-велат од „Љубов“.
За добрата забава ќе биде задолжен диџеј Алек Пулиос.

Кожарска индустрија Horvat

Em Ellephantski

Kremisimo

AnArt – АнАрт (Handweaving Studio)

Woodyz – Wooden handcrafted bowties

Foreground totebags,

Mei Ro

MORPHO

Wizart

Urban Era
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари