По 25-ти пат, на 19 октомври (четврток) во кафе-бар „Љубов“ ќе се одржи традиционалниот „Љубовен базар“. Со почеток во 17 часот, под мотото #SupportTheArtist, ќе се претстават 11 креативци, уметници, дизајнери на накит, украси за домот и модни додатоци, како и брендови за органска козметика и храна. Меѓу нив се Kremisimo, AnArt – АнАрт (Handweaving Studio), Foreground totebags, Глигор Кузмановски, Mateja Nikolikj Illustration, Mei Ro, UrbanEra, TиноСки, Bare Origin skincare, Wizart и Кожарска индустрија Horvat
-Доколку по некоја случајност огладнете, со нас повторно ќе бидат нашите другари од Breakfast Club Skopje со избор од највкусните сендвичи, а за делот со пиењето тука е тимот на кафе бар „Љубов“, со селекција од супер коктели од Skopje Cocktail Week-велат организаторите.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари