Под мотото #SupportTheArtist 11 креативци, брендови и дизајнери на накит и облека ќе ги претстават своите уникати на 22. издание на традиционалниот „Љубовен базар“, што на 19 јуни „понеделник) со почеток во 17 часот ќе се одржи во скопскиот кафе-бар . Најавено е учеството на Вања Штркова, Nikulec Pop-up Store, Bulberry, Глигор Кузмановски, 3 Пи – Позитив, Маја Стојковска (Mei Ro), Андреј Павлов (Echo of the Eqinox), MORPHO, УрбанЕра, Alma Idrizi Art и Кожарска Индустрија Horvat.
-Можеби понеделник не е добар ден за афтрворк забава али затоа е идеален за еден афтерворк Љубовен базар. Против топлото време ќе се бориме со грч ладен Карлсберг и коктели по симпатични цени и ќе уживаме во музичкиот избор на Јанконен. Во„Љубов“ ќе ве пречекаат 11 величенствени креативци кои ќе ги презентираат своите најновите креации .
Нема коментари