Модниот бренд Liu Jo и манекенката Кендал Џенер заедно слават 25 години, односно и брендот и Кендал се родени во 1985 година. Се чинеше сосема соодветно Кендал да биде ангажирана како заштитно лице на мултимедијалната кампања на Liu Jo под слоганот #BornIn1985.
Кендал ја претставува Liu Јо жената која секогаш се чувствува моќно преку модата, без разлика дали е тоа панк-рок глам или шик женствен стил. Таа ја отсликува модерната флуидност и способноста на брендот да обезбеди различни модни парчиња – од базични модели од тексас до светкави мини-фустани.
Кампањата со Кендал ги истакнува клучните тенденции на Liu Jo за пролет 2020 – јакни и фармерки од избледен тексас, фустани со светки, кристали и перли, тренди комбинезони и модели од вештачка кожа.
Нема коментари