Уникатни рачно направени производи и додатоци од дрво, керамика, сребро, смола, еко-материјали, хартија, флиц и волница од 40-тина домашни дизајнери, креативни занаетчии и ракотворци ќе бидет претставени на 14. издание на „КрафтАРТ Фест“, што на 10 декември (недела) ќе се одржи во хотелот „Арка“ ( 7 кат) во Старата скопска чаршија. Еднодневниот настан, кој се одржува традиционално пред новогодишните празници, ќе биде отворен во 10 часот и ќе трае до 20 ч.

Накит од епоксидна смола од Марија Манева (Windmillshop)
Посетителите на фестивалот на уметнички занаети ќе можат да најдат накит изработен од повеќе материјали и во различни техники : филигран од Елена Ристевска и Dora Nova, од епоксидна смола- Марија Манева (Windmillshop) и Farina’s handmade, од мониста – Елена и Станка Ѓурчески, од плексиглас , метални парчиња и друго -Emi Noris art, Mei Ro со уникати од електронски компоненти, каkо и рачно изработени парчиња од Кристина Мауровска и Ема Димковиќ.
На штандовите ќе бидат поставени уникатните торби од Наташа Јакимовска (Fabrika 13), кожените паричници и чанти од Карло Хорват, дрвените кравати од Златко Китаноски (Woodyz) , еко-честитски и накиот од Јасмина Главинче и принтани маички, слики, тефтери и други додатоци со цртежи од Em Ellephantski.

На штандовите ќе бидат поставени уникатните торби од Наташа Јакимовска (Fabrika 13)
Неизоставен дел од базарот се традиционалните креации од флиц од Елиза Костова, Оливера Ефремова, Buba и Shade, ткаените шалови од Сузана Гоцевска, како и плетени модни додатоци од Станка Димитрова и Билјана Кецман, како и плетените кукли од Марга Арнаудова.
Во богатата понуда она украси за домот се керамичките парчиња на „Тиноски“ и „Керамика кафе“, креациитеод фузирано стакло на: Luiza и Vitrum, декупаз од Сања Банчиќ и Владанка Димитрова Урошева, дрвени декорации од „Мали нешта“ , како и додатоци за станот од Моника Станојковска. Ќе бидат изложени и рачно графирани лејки од Иво Наумовски, минијатурни слики од Зоран Рунчев и дрвени сувенири од Охрид од Соња Трифуновска.

Неизоставен дел од базарот се традиционалните креации од флиц
Гостите ќе може да пробаат домашни јуфки и слатка од „Крушевска жена“, чоколоада од POZITIVO и слатко од костени од KESTENE. И годинава меѓу учесниците е SOLEM-здружението на граѓани кое работи со лица со попреченост кои ќе понудат дизајнирани производи за секојдневна употреба. Свој штанд ќе имаат Lions како и Еxplorium-научниот клуб за најмладите кој ќе одржи работилници за децата-посетители на базарот.
„КрафтАРТ Фест“, ги претставува уникатните македонски рачно изработени производи пред широката публика и истовремено создава приход за ракотворците. Продажната изложба на уметнички занаети е организирна традиционално од страна на МАТА (Македонска Артисанска Tрговска Организација) во соработка со Хотел „Арка“.

Јасмина Главинче повторно ќе се престави со своите еко-честитки и накиот

Понудата е збогатена со уникатните керамички подароци од „Тиноски’
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.>
Нема коментари