Секоја жена сама по себе е тајна. Секоја крие по нешто во себе, мистериозен поглед или пак занесна насмевка која никого не остава рамнодушен. И секоја знае по некоја тајна, а LISCA ја знае совршената тајна за сите жени кои што сакаат да изгледаат совршено во совршени костими за капење. Бидејќи секој облик на тело не соодветствува со секој костим за капење, многу често жената се соочува со стресни моменти додека го бира нејзиниот совршен костим.
Овде е LISCA да ги открие тајните на совршените костими за капење за различните облици на женско тело, кои несомнено се совршени какви и да се. Време е за избор на совршен LISCA костим за капење што совршено може да го следи вашиот облик на тело и се полн погодок за подигнување на самодовербата.
Истакнете ја половината
Доколку имате рамна линија на тело и сакате да ја нагласите половината, можете да го направите тоа со комбинација на бои и модели. LISCA советува да одберете модели кај кои е особено изразена половината, а горниот и долниот дел на костимот за капење значително се разликуваат. Најголем впечаток може да постигнете со едноделните костими за капење.
Нагласете го деколтето
За да го нагласите деколтето и да предизвикате восхит на плажите, LISCA советува секогаш да одбирате горен дел на костимот за капење со push up ефект. Визуелно, градите ќе бидат поголеми и попривлечни во костими за капење кои имаат набори, многу детали и впечатливи бои.
Издолжете ја линијата
За да ја издолжите линијата на вашето тело, LISCA советува да одберете едноделен костим за капење кој по средината или од страна има детал кој што ја продолжува и нагласува линијата. Тоа можат да бидат линии, еднобојни детали или цветни мотиви. Вашето тело визуелно ќе се издолжи, а воедно ќе бидете елегантни во костимите за капење на LISCA.
Намалете ги широките раменици
Имате широки раменици? Во тој случај, LISCA советува да изберете модел кој што се врзува околу врат за да се добиете изглед на помали раменици, а за да биде впечатокот поголем, одберете горен дел од костимот за капење со push up ефект.
Ублажете ја триаголната градба
Доколку имате широки раменици, а вашите колкови се потесни, LISCA советува да одберете од костимите за капење кои што се врзуваат околу врат, со што ќе ја ублажат ширината на вашите раменици. Можете исто така да одберете модели кои што содржат детали кои го истакнуваат долниот дел на телото или половината. На пример, одберете модел со panty гаќички кои ќе ја прошират вашата фигура токму во пределот на колковите и визуелно ќе ја направат складна вашата линија.
Нема коментари