Една од најпрепознатливите манекенки и оригинална супермоделка која што кариерата ја почна кон крајот на 80-тите години, Линда Евангелсита, стана новото заштитно лице на италијанскиот бренд „Москино“. По примерот на Наоми Кембел и Кристи Тарлингтон кои сè уште се активни во манекенството, 49-годишната Евангелиста му позираше на Стивен Мајзел за новата рекламна кампања во која манекенката носи креации на „Москино“ за сезоната есен-зима 2014/15, а реализрани под креативно водство на ексцентричниот Џереми Скот.
Нема коментари