После повеќегодишна пауза од манекенството славната Линда Евангелиста се враќа на модната сцена како заштитно лице на кампањата на модната куќа Фенди. Таа позира пред објективот на Стивен Мајзел додека ја промовира новата колекција на познатиот модел на чанта Baguette.
Модниот камелеон Линда Евангелиста, еден од најпознатите супермодели од златнто доба од 90-тите, во последните години се криеше од јавноста и ги избегнуваше камерите, откако во 2016 година доживеа обезличување на лицето и телото после еден естетски третман. Во февруари годинава таа одлучи да се фотографира за списанието People и да ја сподели својата приказна за неуспешноста на третманот CoolSculpting.
Евангелиста тогаш реши повеќе да не се крие и сега се враќа на модната сцена во рекламната кампања на Фенди. Евангелиста ја сподели фотографијата и на својот Инстаграм профил и откри дека на 9 септември годинава Фенди ќе биде домаќин на модна ревија во Њујорк со која брендот ќе ја прослави 25-годишнината од лансирањето на култната багет-чантата.
Нема коментари