Ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради оди по стапките на својата мајка која од 1990 година е заштитно лице на парфемот Coco на модната куќа „Шанел“, сега 16-годишната Лили Роуз ќего промовира новиот парфем Chanel No. 5 L’eau. „Таа ја отелотворува нејзината генерација и вредностите на слобода и смелост до совршенство, внесувајќи од својата младешка свежина и убавина во иконскиот парфем на куќата“, велат од „Шанел“. Куќата новата верзија на култниот парфем ќе ја престави на есен. Оригиналниот парфем Chanel No. 5 Коко Шанел го лансира во 1921 година.
Нема коментари