Карл Лагерфел и „Шанел“ ја прикажаа меѓусезонската колекција со предзнак Metiers d’Art во Њујорк, а ова е девојката која го привлече вниманието на вчерашниот настан – Лили Роуз Деп, ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради. Петнаесетгодишната идна актерка, може да ја наследи својата мајка на позицијата муза на „Шанел“ и се претпоставува дека е новата миленичка на Лагерфелд. Ванеса повеќе од 20 години е заштитно лице на брендот „Шанел“ и промовира различни производи на францускиот луксузен бренд, а Лили Роуз успешно се снајде во своето прво официјално појавување на моден настан. Облечена до дводелен комплет од „Шанел“, Лили Роуз на шоуто дојде заедно со Ванеса и нејзиниот партнер Бенџамин Биоле.
Нема коментари