Компанијата Lancome го претстави својот нов сјај за усни наречен Lip Lover. Заштитно лице на новиот производ, што носи нов сјај и ги зголемува усните, е младата актерка Лили Колинс. Овој балсам доаѓа по успехот на Rouge In Love, Gloss In Love и Baume in Love. Префинетиот Lip Lover е производ што трендсетерките ширум светот го очекуваа. Тоа е клучен додаток за повеќе прилики, а може да се носи во текот на целиот ден . Тој нуди боја, сјај и нега што ги трансформира усните, ги прави посвежи, пополни и ја разубава насмевката.
Во октомври минатата година беше објавено дека младата Лили се придружува на групата актерки што рекламираат производи на „Ланком“- Џулија Робертс, Кејт Винслет и Ема Вотсон, а првиот ангажман ѝ беше на кампањата за лимитираната едиција на пролетна шминка наречена French Ballerine.
Нема коментари