Текстилната индустрија во Македонија е од исклучително значење според оствареното учество во вработувањето и извозот. Земајќи ги в предвид глобалните движења и тенденции, може да се заклучи дека развиените земји ги користат компаративните предности на земјите во развој, а со самото тоа себеси си создаваат конкурентска предност. Во производството и пласманот, развиените земји кај себе ги развиваат креативните аспекти, науката, технологијата, информациите, маркетингот, дизајнот, а трудоинтензивните и нискодоходни фази од репродуктивниот процес ги дислоцираат кај земјите во развој.
Неконкурентноста на македонските компании и производи е проблем кој се наведува во сите истражувања од релеватни институции последниве десет години. На оваа тема истражуваше битолската дизајнерка Лили Кадинска, која од неодамна е задолжена за новиот модул по моден дизајн, како дел од програмата маркетинг менаџмент на „Бизнис Академија Смилевски“ , кој ќе почне со настава од септември.
Кадинска вели дека „главни причинители на неконкурентноста се: структурата на производството и неусогласеноста со барањата на пазарот, слабиот квалитет на производите, несоодветниот дизајн, нестандардизираноста на производите, неинформираноста, несоодветната амбалажа, недоволната промоција на производите,незадоволително ниво на логистичка поддршка, дефицит од план за развој и напредок на бизнисот“.
Решението се наведува во кадровското зајакнување на непроизводствениот сектор во деловните субјекти, кои би работеле на развојот на индустриската услужна економија.
-Нашата земја има потреба од вискообразована работна сила од областа на менаџмент, маркетинг, дистрибуција, е-бизнис, менаџирање на квалитет, менаџирање на производство, дизајн, итн. „Бизнис Академија Смилевски“ ја лоцираа оваа проблематика и од оваа студиска година воведоа нова програма за маркетинг менаџмент, односно модул по моден дизајн. Современите пазарни услови налагаат при избор на стратегијата покрај желбите и потребите на потрошувачите да се имаат во предвид и намерите и пазарната позиција на конкурентите. Ова е нешто на што посебно ќе се укажува и изучува преку програмите за моден бизнис и менаџмент на БАС. Свеста и имплементацијата на европските и светски стандарди и трендови за успешен моден бизнис-вели таа.
Ни открива дека програмата по моден бизнис и менаџмент ја направиле по пример на познатите колеџи од Европа и светот, а прилагодена на потребите на македонската текстилна индустрија со поглед кон пазарите и индустриите во регионот и пошироко. Студентите, учејќи според оваа програма ќе ги стекнат следниве компетенции: Основи по моден бизнис и менаџмент; Знаења поврзани со анализа,стратегија и способност за критичко размислување,елементи неопходни за носење на бизнис одлуки поврзани со модната индустрија; Знаење за еволуцијата на модата и дизајнот и нивниот однос со дизајнерите, производителите и трговците; Етички,одржливи и иновативни практики за лидерство по светски теркови; Знаења за моменталните светски трендови и нивните извори и како влијаат на продажната динамика и услуги; Како да изработуваат креативни концепти и развој на модни производи; Ќе научат да применуваат логички и аналитички аспекти поврзани со производствените и продажни стратегии и како тие се одразуваат на односот на потрошувачите,итн.
Студентите што ќе завршат моден бизнис и менаџмент ќе може да работи во областа на менаџментот, маркетингот и дизајнот.
-Оваа програма претставува напреден и визонерски поглед, со цел да влијае на динамиката на настаните поврзани со промените во текстилната индустрија во Р. Македонија, нудејќи кадар кој е неопходен за интезивирање на започнатите процеси. Ова е едниствена ваква програма кај нас и предвидувањата се дека кадарот што ќе произлезе во голема мера ќе придонесе за поместување на македонската текстилна индустрија од моменталното статично стојалиште -вели Кадинска, која ги изработи програмите за овој модул и ќе предава голем дел од предметите поврзани со моден дизајн.
Нема коментари