Пoп-пејачката Лили Ален ќе ја краси насловната страница на мартовскиот број на бритaнското издание на магазинот Elle. Таа позира пред фотографот на славните, Дејвид Васиљевиќ. Британската ѕвезда, која неодамна се врати на сцената со нов албум, е облечена во креација од колекцијата пролет-лето на италијанскиот бренд „Миу Миу“. Бројот ќе се најде во светските продавници на 30 јануари. Во интервјуто за Elle таа вели дека би сакала да изгледа како Кејт Мос.
-Секако дека порадо би изгледала како Кејт Мос, отколку како мене. Посакувам да не се чувствував така, но мислам дека си создаваме таква слика битејќи така со тоа ни го наметнуваат цело време. Од жените сè уште се очекува ,на некој чуден начин, да бидеме постојано убави…и да не зборуваме-вели таа.
Нема коментари