Осумнаесетгодишната Лајла Грејс Мос Хек, ќерката на Кејт Мос и Џеферсон Хек, е на насловната страница на декемврискиот број на италијански Vogue. Фотографијата е на Дејвид Симс, а Лајла позира во креација на Долче и Габана.
Ова не е прв пат да се најде на насловната на Vogue Italia, во 2016 година позираше заедно со својата мајка, славната манекенка Кејт Мос. Лајла пораснала покрај родители кои се вклучени во модната индустрија, нејзината мајка Кејт е една од најпознатите супермоделки на денешницата, татко ѝ Џеферсон е основач на познатата моден магазин Dazed. Манекенството е нешто сосема природно за Лајла, но ја привлекува и новинарството, па неодамна ја интервјуираше Џиџи Хадид за списанието на нејзиниот татко.
Додека Лајла ја краси насловната на Vogue Italia, нејзината мајка Кејт е лицето од насловната на јануарскиот број на британски Vogue. Кејт Мос има снимено преку 100 насловни само за изданијата на Vogue, ќе ја наследи ли Лајла во манекенството?!
Нема коментари