По три сезони на прилично традиционални рекламни кампањи, креативниот директор на „Луј Витон“ Николас Геские оди во неочекуван правец во новата кампања на брендот за пролет 2016 и за зашитно лице го одбра ликот на Lightning од видеоиграта Final Fantasy (Крајна фантазија). Геские соработуваше со јапонскиот уметник Тесуја Нормура, дизајнер на ликови во компанијата „Сквер Еникс“, која што ја произведува компјутерската игра и со чија помош е направена промотивната кампања во која хероината со розова коса носи креации од последната колекција на францускиот бренд.
Дизајнерот Геские сподели фотографии на својот профил на „Инстаграм“ со текст „Реалноста и фантазијата стануваат едно: Lightning како вистинска хероина на новата кампања Louis Vuitton series 4“. Засега нема информација дали ќе видиме реални модели во кампањата.
Нема коментари